Новата австриска влада планира да ја укине целосната забрана за пушење во угостителските објекти, потврдија денес коалициските партнери од владата која што треба да биде формирана до 20 декември, Австриската народна партија (ОВП) и Партијата на слободата на Австрија (ФПО).
Со новите измени би било дозволено пушење во делови од угостителските објекти што ќе бидат наменети за таа цел, додека целосната забрана ќе продолжи да важи за лицата помлади од 18 години. На тие лица нема да им биде дозволено присуство во деловите каде што ќе се пуши.
ОВП и ФПО ќе го усвојат т.н. „Берлински модел“, според кој, во принцип пушењето е забрането со исклучок на специјално одредени и целосно одделени простории, кои се служат само пијалаци и се помали од 75 метри квадратни.
На оваа одлука се спротивставија лекарите и противниците на пушењето цигари.