Суд во австрискиот град Линц осуди 63-годишен маж на казна затвор од девет месеци, откако било докажано дека обвинетиот намерно ѝ кашлал во лице на поранешната сопруга и ја заразил со коронавирусот.
Намерното дишење, кашлање или плукање кон други луѓе минатата година беше прогласено за еднакво на тежок физички напад во повеќето европски држави.
Обвинетиот во Линц е осуден за обид за нанесување тешки телесни повреди за намерното пренесување на болеста, кое се случило во ноември лани. Тој и бившата сопруга тогаш уште живееле заедно во истиот дом, пред нивниот развод да биде завршен оваа година, пишуваат локалните медиуми.