Австралискиот премиер побара од САД да прекинат судски да го гонат Џулијан Асанж

Од:

Австралискиот премиер Ентони Албаниз денеска изјави дека лично побарал од американските власти да се откажат од гонењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

– Што е многу многу е, рече Албаниз.

На Асанж, 51-годишен австралиски државјанин, му се суди во САД за објавување на повеќе од 700.000 доверливи документи од 2010 година за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан.

Помина извесно време откако го пренесов мојот став дека она што е премногу е премногу.

– Јас лично го покренав прашањето со претставниците на американската Влада. Мојот став е јасен, рече Албаниз.

Додаде дека дури и не поддржува извесен број акции кои ги презел Асанж, но се прашува каков е интересот за судски процес, кој може да трае со години. Асанж, австралиски државјанин, води долгогодишна правна битка пред британските судови за да избегне екстрадиција во САД, каде се соочува со 17 точки од обвинението за шпионажа и едно обвинение за злоупотреба на компјутер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА