Пожарникарите во Западна Австралија се борат да стават под контрола два големи шумски пожара, кои избувнаа на почетокот на оваа недела.
Над 80.000 хектари земјиште, две населени места и земјоделски објекти биле уништени во реонот јужно од градот Перт. Предупредувања за опасност од пожари се издадени во реонот на Беверли, на околу 130 километри источно од Перт, долж брегот и до јужниот дел на државата Западна Австралија.
Некои од градовите, вклучувајќи го и Нортклиф, веќе не можат да бидат заштитени, предупредуваат локалните власти. Повеќето од 60-те жители на градот се евакуирани, а противпожарните и спасувачките екипи предупредија дека пожарникарите не можат да ги заштитат оние кои одбиваат да ги напуштат своите домови.
Катастрофалната огнена стихија минатиот месец уништи куќи и земјиште, но засега нема информации за евентуални жртви.