Австралиска студентка ја тужи Владата оти не ги открила климатските ризици на обврзниците

Од:

Австралиска студентка ја тужи Владата, тврдејќи дека не открила ризици за инвеститорите поврзани со климатските промени при продажба на државни обврзници.

Во тужбата поднесена денеска, 23-годишната Кетлин О’Донел тврди дека купувачите на австралиските државни обврзници треба да бидат свесни за ризиците од климатските промени, што може да и отежнат на Австралија да го врати својот долг.

Портпаролката на австралиското Министерство за финансии изјави дека Владата е свесна за тужбата.

– Адвокатите го разгледуваат прашањето. Што се однесува до судските постапки, Владата нема да коментира, рече портпаролката.

Климатските промени одамна беа „жешко“ прашање во Австралија, а станаа уште поважни по четиримесечните интензивни пожари во големите области на земјата минатото лето, во кои загинаа 33 жители, но и милиони животни.

„Австралија е материјално изложена и ранлива на ризиците од климатските промени“, се наведува во поднесокот на Кетлин О’Донел до Федералниот суд на Австралија во државата Викторија.

Австралија има повеќе од 600 милијарди австралиски долари (428 милијарди американски долари) во државни обврзници, кои имаат оценка „ААА“ од трите најголеми рејтинг агенци.

Глобалните финансиски власти исто така ги поттикнуваат банките да ја подобрат транспарентноста во однос на изложеноста на ризици од климатските промени, тврдејќи дека таквите објави се предуслов важен за учесниците во пазарот, како што О’Донел исто така наведува во парничната постапка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа