Во текот на посетата на средното училиште Марсден, во јужниот дел на Брисбејн, неколку ученици со сендвич ја гаѓале австралиската премиерка Џулија Гилард.
За среќа на премиеката, сендвичот ја промашил метата и паднал на подот, а ученикот Кајл Томсон (16), за кој се верува дека е виновникот за инцидентот е суспендиран на 15 дена.
Уште од доаѓањето на премиерката во училиштето, учениците ја пречекале со навредливи зборови, како „губитничке“ и „лажливке“.
Шефицата на австралиските лабуристи, инаку по потекло од Британија, распиша избори за септември, но анкетите од истражувањата на јавното мислење покажуваат дека нејзината партија е далеку зад останатите ривали.
Гилард инцидентот го примила сосема опуштено и истакнала дека тоа се само детски испади.
Од друга страна ученикот Томсон, изјавил дека е неправедно обвинет, бидејќи тој не го фрлил сендвичот.
Елена Георгиевска