Австралија се подготвува за едно од најсилните бури во својата историја

Од:

Австралиското биро за метеорологија (БОМ) предвидува дека огромен циклон кој се приближува до западниот брег на Австралија ќе дојде на копно како бура од 5-та категорија, најсилната категорија на национално ниво. Се очекува циклонот Илса да го погоди регионот Пилбара во четврток навечер или петок наутро по локално време, со налети на ветер над 285 км/ч.

Службите за итни случаи побарале да се сокријат сите работи што би можеле да летаат, пишува CNN. „Ветровите од оваа јачина се крајно опасни. Не само што можат да уриваат дрвја, далноводи и да оштетат покриви и куќи, туку можат да подигнат и големи неврзани предмети од вашиот двор – чамци, приколки или РВ – и да ги разнесат“, рече виш метеоролог на БОМ, Миријам Бредбери.

Регионот Пилбара е ретко населен, а најголемиот град во близина на бурата е Порт Хедланд, каде живеат околу 16.000 луѓе. Во погоденото подрачје се предвидуваат обилни врнежи и од 200 до 300 мм, па се стравува од поплави.

„Поплавите на реките може значително да влијаат на патиштата и пристапните правци, при што многу патеки ќе станат калливи или дури и непроодни во текот на следните денови“, објави Бредбери.

Најсилното невреме што некогаш го погодило било кој дел од Австралија беше циклонот Моника во 2006 година со ветрови од околу 290 км/ч додека ја зафати источна и северна Австралија. Тој циклон ги промаши густо населените места, но собори дрвја и предизвика сериозна штета на вегетацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа