Австралија ја поддржува воената операција врз Сирија со или без дозвола на ОН

Од:

Австралија, следниот претседавач со Советот за безбедност на Обединетите нации ја поддржа евентуалната операција врз Сирија поради употребата на хемиско оружје.

Шефот на австралиската дипломатија Боб Кар изјави дека ако се докаже дека сирискиот режим употребил хемиско оружје против цивилите светот треба да реагира дури и ако ОН не даде согласност.

– Ние сакаме одговор со дозвола на ОН. Но, ако тоа не е можно, ужасот една влада да употреби хемиско оружје врз сопствениот народ и воопшто употребата на хемиско оружје во какви биле услови, ја оправдува реакцијата, посочи Кар.
Австралија, близок сојузник на САД, го презема претседателствувањето со СБ на 1 септември.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски