Австралија го отфрла постепеното укинување на јагленот

Од:

Австралија нема да се приклучи на договорите за постепено укинување на јагленот за време на самитот на Г20 во Рим и Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 во Глазгов. Ова денеска го објави весникот „Аустралиан“, повикувајќи се на премиерот Скот Морисон, кој допатува во Рим за да присуствува на состанокот на лидерите на Г20.

Според весникот, за време на двата самити, Морисон „има намера да ги стави интересите на Австралија на прво место и нема да учествува во договори за запирање на ископувањето јаглен и производството на електрична енергија од фосилни горива“.

„Конечното коминике ќе биде изготвено во следните неколку дена, но политиката на Австралија за овие прашања ќе биде кристално јасна: австралиската влада и во Рим и во Глазгов ќе ја стави Австралија на прво место. Сите земји различно пристапуваат кон проблемот, нивните економии се различни, се соочуваат со различни проблеми. Ситуацијата во Австралија е исто така многу поинаква од онаа во Европа и другите земји, рече Морисон.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он