Австралија го намали нивото од закана од тероризам

Од:

Австралија денеска првпат по осум години го намали нивото на закана од тероризам од „веројатно“ на „можно“, истакнувајќи дека е „намален ризикот од екстремистички напади“.

Нивото на закана беше подигнато во 2014 година поради бројот на Австралијци за кои се претпоставуваше дека се борат во странство со исламистичките милитантни групи и веројатноста за терористички напади во кои би биле вклучени тие кои се радикализирале во Ирак или во Сирија.

Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО) соопшти дека факторите што довеле до високо ниво на закана повеќе не постојат или опстојуваат во помал степен.

– Иако Австралија останува потенцијална цел за терористите, има помалку екстремисти кои имаат намера да извршат напад во нашата земја, изјави генералниот директор на АСИО, Мајк Бриџис, додавајќи оти промена не значи дека исчезнале сите закани од тероризам.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа