Австралија ги блокира на неопределено време плановите на Северна Кореја повторно да отвори амбасада во Канбера поради нуклеарната проба извршена од Пјонгјанг, со што се нарушени резолуциите на ОН.
Според првичниот договор во средината на февруари, во Канбера требало да пристигнат севернокорејски дипломати за разгледување на условите, местото и роковите за отворање на амбасадата. Неколку дена пред нивното пристигнување, министерот за надворешни работи Боб Кар го известил Пјонгјанг дека посетата на дипломатите се одложува за неопределено време и оти одлуката е поради севернокорејската нуклеарна програма.
Пјонгјанг отвори дипломатска мисија во Австралија во 2002 година, но ја затвори шест години подоцна, поради финансиски причини.
Во почетокот на годината Пјонгјанг повторно побара да испрати амбасадор и Австралија даде согласност.