Австралија формира своја вселенска агенција

Од:

Австралија формира своја вселенска агенција во обид до 2030 година тројно да ја зголеми својата вселенска програма, пренесе ДПА.

Австралискиот премиер Скот Морисон во Аделаида, главниот град на државата Јужна Австралија, денеска и официјално го отвори седиштето на новата агенција.

-Агенцијата ќе развива нови технологии, што ќе го подобруваат животот на Земјата и ќе нуди огромни економски можности и работни места, изјави Морисон.

Целта на Агенцијата е до 2030 година австралискиот вселенски сектор тројно да се зголеми, достигнувајќи 12 милијарди австралиски долари (осум милијарди американски долари) и во него да се создадат 20.000 нови работни места, рече министерката за индустрија, Карен Ендрјус.

Менаџерката на новата агенција, Меган Кларк, информира дека до овој момент во неа се примени само 20 вработени, но дека ќе се бараат експерти низ целиот свет. Веќе се воделе разговори со американската НАСА и Европската вселенска агенција за заедничка работа, додаде таа.

Австралиската индустрија што има допирни точки со вселената во моментов вреди околу 3,9 милијарди австралиски долари и во неа работат околу 10.000 лица. Тие главно се занимаваат со изградба на сателити, ракети-носачи и помошна опрема на земјата.

Во 1967 година Австралија стана третата земја во светот, која изгради и лансира сателит по САД и Советскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа