Австралиец „го изеде“ најскапиот чизбургер во Мелбурн

Од:

Австралиски возач го платил најскапиот сендвич во Мелбурн, откако полицијата го застанала поради пребрзо возење додека одел во една сендвичарница да купи три чизбургери.

Полицијата на австралиската сојузна држава Викторија соопшти дека тој возел со брзина од 186 километри на час на автопат каде ограничувањето е 100 километри на час.

Кога тој со голема брзина минал крај полициската патрола, полицајците прво помислиле дека станува збор за авион во низок лет.

Покрај за брзо возење, 28-годишниот возач е казнет и за управување возило без возачка дозвола, која претходно му била одземена, а во следните месеци ќе му биде конфискуван и автомобилот.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски