Комесарот на Европска унија за миграција Димитрис Аврамопулос денеска апелираше до земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за начинот на праведна распределба на товарот од бранот мигранти.
Тој истакна дека земјите-членки конечно мора да „го дефинираат поимот солидарност“ додека Грција и Италија се борат со десетици илјади мигранти.
– Дојде време сите на ист начин да го толкуваме тој поим. Тоа е апсолутно неопходно, потенцира Аврамопулос.
Земјите-членки на ЕУ во септември 2015 година постигнаа договор за прераспределба на 160.000 бегалци од Грција и Италија во период од две години. Но, седум месеци пред истекот на рокот преместени се само 11.000 мигранти.