Авионските билети поскапуваат ширум Европа

Од:

Европските држави разгледуваат воведување нови такси во авио сообраќајот поради загадувањето, со што ќе се зголемат цените на авио-билетите. Во авио индустријата веќе со месеци се расправа за воведување еколошка такса поради критиките дека комерцијалната авијација е одговорна за голем дел од вкупната емисија на штетни гасови.

Според меѓународната организација за цивилна авијација, се работи за два отсто од вкупната количина на тие гасови, додека невладината „Клајмат екшн нетворк“ проценува дека во прашање се пет отсто.

Шведска веќе воведе такси на керозин од 6 до 38 евра по билет, а во таа држава веќе гласно се зборува за „срамота е да се патува со авион“. Франција веќе ја анализира можноста за укинување на сите домашни летови за кои постои замена за патувања со воз пократки од пет часа.

Белгија и Холандија во почетокот на годината покренаа прашања за загадувањето и се очекува да бидат една од темите на состанокот на Советот на министри за сообраќај на ЕУ во Луксембург.

Според доверлив извештај на ЕК, неодамна објавен во јавност, такса од 330 евра за тон керозин би намалила емисии на штетни гасови за 11 отсто. Во предлог законот пишува дека еден лет од Париз до Марсеј испушта 178 килограми штетни гасови по патник, додека за исто патување со воз изнесува 4,14 килограми по патник.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани