Авионска несреќа во Русија, загина пилот

Од:

Пилотот загина во авионска несреќа кога авион ЗЛИН-142 се урна денес во близина на државниот аеродром Новонежино во Приморскиот крај во источна Русија, соопштија властите.

– Се урна авион ЗЛИН-142. Леталото го управувал маж роден во 1969 година, кој починал на местото на настанот. Немало други лица во авионот, се вели во официјалното соопштение, објави РИА Новости.

Истражителите и форензичките експерти се на местото на несреќата и спроведуваат низа истражни дејствија за да ги утврдат сите околности на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Пилотите се плашат дека ќе бидат отпуштени ако одбијат да летаат над Блискиот Исток

(ВИДЕО) „Њујорк тајмс“: Елитните специјалци го спасија пилотот, тој беше вооружен само со пиштол

(ВИДЕО) Уништени два американски хеликоптери и авион во спасувачката акција во Иран

Горан Наумовски

Иран тврди дека соборил американски дрон додека трагал по пилотот

Трамп објави детали за спасувањето на пилотите: „Тоа е доказ за нашата воздушна супериорност“

Американците го спасија вториот пилот на соборениот Ф-15

Горан Наумовски