Aвион со 285 патници принудно слета во Рим поради закана за бомба

Од:

Летот на „Американ Ерлајнс AAL292“, на релација од Њујорк до Делхи, бил пренасочен на аеродромот „Фиумичино“ во Рим поради закана за бомба, пишува „Раи“.

Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ бил над Каспиското Море кога извел маневар за да го смени курсот и да се упати кон главниот италијански аеродром.

Авионот прелета над Пуља, изведе маневар за спуштање на височина, а потоа безбедно слета на пистата 1 на аеродромот Фиумичино во 17:22 часот.

Авионот е забележан како пристигнува во придружба на два воени ловци, пренесува „Раи“.

На летот имало 285 патници. Летот тргна од аеродромот ЏФК во Њујорк за главниот град на Индија вчера вечерта во 20:30 часот по локално време.

Авионот летал над Атлантикот цела ноќ, а откако ја преминал Европа, се упатил кон Црното, а потоа кон Каспиското Море, наведува „Раи“.

Според италијанските медиуми, американската авиокомпанија верувала дека римскиот аеродром „Фиумичино“ има соодветен тим на теренот кој може да управува со итната ситуација и да им помогне на патниците, кои би се нашле на различна – и многу далечна – дестинација од планираната.

Дополнително, фактот што Рим е избран како место за итно слетување води до заклучок дека проблемот бил внимателно проценет и дека не барало итно слетување на дестинација која би била побрзо достапна од „Фиумичино“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во вода

Што виделе американските пилоти кога се доближиле до непознатиот објект: Тоа е црно и сјајно

Американски авион собори уште еден НЛО над Канада

Предраг Петровиќ

Закана за бомба и во Народна банка, евакуирани вработените

Маја Илиевска-Пачемска