Сите 44 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривање на авион на авиокомпанијата „Лаос Ерлајнс“ во реката Меконг во јужниот дел на Лаос.
Како што соопшти „Лаос Ерлајнс“, авионот од типот АТР-72 летал на релација од лаоската престолнината Виентјан кон градот Паксе во јужен Лаос.
Во леталото имало 39 патници и петмина членови на екипажот. Меѓу загинатите има петмина Тајлаѓани и тројца Кинези, а сите останати жртви се државјани на Лаос.
Несреќата се сличила при слетувањето на авионот во Паксе при неповолни временски услови.