Авион принудно слетал во Рим поради инцидент со патник

Од:

Авион на компанијата „ИзиЏет“, кој летал од Женева кон Приштина, морал принудно да слета на аеродромот во Рим поради инцидент со патник која ја претепал стјуардесата бидејќи „не му донела сендвич“.

Авионот морал да слета поради разбеснетиот патник, кој прво почнал вербално да го напаѓа персоналот, а потоа и физички се пресметал со стјуардесата.

Очевидец раскажал дека насилникот викал на цел глас дека е гладен и со часови чека да добие сендвич.

– Прво и викаше на стјуардесата, а потоа ја удри. Кога таа падна на подот, тој не престана туку продолжи да ја удира, тврди очевидецот.

Патниците интервенирале за да и помогнат на стјуардесата, а пилотот одлучил да го приземји авионот во Рим од безбедносни причини.

Италијанската полиција веднаш по слетувањето го упасила насилникот, а останатите 180 патници заминале за Приштина со друг авион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици