Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Нирнберг

Од:

Авион на турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ принудно слета денеска во Нирнберг, веднаш откако во пилотската кабина е пронајден мобилен телефон, чиј сопственик се уште не е познат, соопшти турската телевизија НТВ. 

Патничкиот авион, кој превезувал патници од Истанбул до Франкфурт полетал во 10.30 часот изутрина по локално време од аеродромот „Сабина Гокчен“. 

Капетанот на авионот побарал да биде извршено принудно слетување на најблискиот аеродром поради соменение за експлозивно средство во леталото. 

Откако авионот се приземјил во Нирнберг, екипажот и патниците се евакуирани.
Во моментов се врши претрес на авионот.

Би можело да ве интересира

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија

Туркиш ерлајнс ги зајакнува капацитетите во Македонија

Емир Латифовиќ

Авион на Туркиш Ерлајнс вратен поради закана од бомба

Емир Латифовиќ

Туркиш ерлајнс купува 95 авиони од Боинг

Емир Латифовиќ