Авион на „Изи Џет“ принудно слета по удар од гром

Од:

Авион на британската нискобуџетна компанија „Изи Џет“ морал принудно да слета на аеродромот Реус во Шпанија, откако бил погоден од гром.

Во моментот на инцидентот во авионот имало 154 патници.

Авионот полетал од англискиот град Бристол кон Барцелона, но поради силното невреме го сменил курсот и со цел наместо во главниот каталонски град да се приземји на друг аеродром.

Патниците подоцна го опишаа настанот како „страшно доживување“, кое предизвикало паника и голема вознемиреност.

– Силната бура се појави наеднаш. Бевме погодени од удар на гром, кој предизвика едно силно „банг“ во кабината каде беа патниците. Се слушнаа врисоци и пискотници, но никој не беше повреден, изјави еден од патниците за локалниот весник „Бристол Ивнинг Пост“.

Претставник на компанијата во Лондон изјави дека сите авиони на „Изи Џет“ се опремени за удари од гром и за бури проследени со молњи и грмежи, но призна дека леталото нема да полета додека врз него не биде направен детален технички преглед за да се утврди дали има оштетување по ударот на громот.

Овој преставник уверуваше дека по инцидентот не постоела безбедносна закана и авионот безбедно се спуштил на пистата во Реус. Патниците својот пат за Барселона го продолжиле со автобуси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици