Авигдор Либерман поднесе оставка

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман поднесе денеска оставка, откако му беа покренати обвиненија за измама и злоупотреба на функцијата.

– И покрај тоа што знам дека не сум извршил никакво криминално дело… одлучив да поднесам оставка од мојата функција министер за надворешни работи и вицепремиер, рече Либерман во изјава испратена преку електронска пошта. Тој изрази надеж дека брзо ќе го „исчисти“ своето име.

Според истражувањата на јавното мислење во Израел, владејачката десница на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Авигдор Либерман ќе победи на претстојните предвремени парламентарни избори на 22 јануари.

Засега не е познато дали повлекувањето на Либерман ќе наштети на нејзините шанси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски