Авганистанските власти тврдат дека 47 лица загинале во напади на пакистанската армија

Од:

Во пакистански воени напади во источен Авганистан загинаа 47 лица, соопштија денеска авганистанските власти.

– Вкупно 41 цивил, главно жени и деца, загинаа, а 22 се повредени во воздушен напад на пакистанските сили во провинцијата Хост, соопштија локалните власти.

Неименуван авганистански функционер изјави дека шест лица се убиени во друга провинција Кунар.

Талибанските власти во Авганистан упатија предупредување до пакистанските власти.

– Ги преземаме сите мерки за да спречиме повторување на нападите и бараме да се почитува нашиот суверенитет. Пакистанската страна треба да знае дека ако избие војна, тоа нема да биде во интерес на ниту една страна, предупреди портпаролот на авганистанската Влада Забихула Муџахид.

Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатата година, тензиите на границата меѓу двете земји се зголемија. Пакистанските власти соопштија дека вооружените групи извршуваат напади врз Пакистан од авганистанска територија на границата.

Талибанците негираат дека им даваат засолниште на вооружените групи и ја осудија пакистанската изградба на гранична ограда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица