Авганистанецот призна дека намерно удри во толпата во Минхен

Од:

Авганистански државјанин призна дека вчера намерно влета со автомобил во демонстрантите во Минхен, а властите утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина, соопшти денеска обвинителството.

„Тој призна дека намерно удрил во демонстрантите. Внимателна сум да не донесувам избрзани заклучоци, но врз основа на сите информации што ги имам досега, можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“, рече обвинителката Габриела Тилман.

Инцидентот се случил вчера околу 10.30 часот кога возач на автомобил забрза, а потоа удри во демонстрантите во Минхен кои се собраа на повик на Синдикатот на работниците.

Напаѓачот кој влета со автомобил во демонстрантите на улица во Минхен е идентификуван како Фархад Н., 24-годишен Авганистанец кој дошол во Германија во 2016 година за да побара азил.

Како што пренесува германски Билд, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лимес во Минхен.

Би можело да ве интересира

Хорор во Минхен: Жена избоде неколку луѓе, полицијата ја застрела

Предраг Петровиќ

Шок во Минхен поради говорот на американскиот потпретседател

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на тешко повредени во инцидентот во Минхен, уапсен е возач по потекло од Авганистан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Катерина Ѓуровски

Во конзулатот во Минхен процедурата за вадење пасоши скратена од шест месеци на три недели

Катерина Ѓуровски

Експлозија во близина на железничка станица во Минхен

Катерина Ѓуровски