Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги смени министрите за одбрана и за внатрешни работи, како и началникот на Генералштабот на авганистанската армија, поради зголемениот број жртви меѓу безбедносните сили во текот на судирите со талибанските бунтовници.
Измените се извршени доцна синоќа, веднаш откако авганистанските сили се судрија со талибанците во 28 од вкупно 34 провинции во земјата.
Новиот вршител на должност министер за одбрана е Бислима Кан Мохамади, кој е поставен на местото на Асадулах Халид, додека Абдул Сатар Мирзаквал е избран за министер за внатрешни работи наместо Хјатулах Хајат.
Генералот Вали Мохамед Ахмаџаи е поставен за нов началник на Генералштабот на авганистанската војска, заменувајќи го генералот Јасин Зија.