Лидерот на мјанмарската опозиција, нобеловката за мир Аунг Сан Суу Ќи, покрај специјалниот пратеник на Обединетите Нации Тин Кјав ќе биде главниот посредник за склучување на спогодбата за траен прекиn на непријателствата меѓу 16 вооружени племенски групи и властите во Мјанмар.
Учеството на Суу Ќи го побараа водачите на вооружените етнички групи кои соопштија дека по потпишувањето на договор за мир, планирано за крајот на октомври, личност од доверба треба да биде супервизор на остварувањето на овој договор.
Власта во Мјанмар, иако формално не се спротистави на учеството на Аунг Сан Суу Ќи во мировниот процес, денеска соопшти дека има неколку формални пречки за нејзино активно учество. Со амандман на Уставот на познатата азиска политичарка и борец за човекови права и е оневозможено да се кандидира за претседател на Мјанмар.
Меѓутоа, бунтовниците, со кои мјанмарската армија не може дасе справи повеќе од 40 години соопштија дека без нејзино учество потпишувањето на договорот за мир ќе биде само политичка игра без конкретни резултати.