Американската новинска агенција Асошиејтед прес објави снимка од звукот што кај вработените во американската Амбасада во Хавана кои го чуле, предизвика здравствени проблеми.
Пред две недели Стејт департментот го повлече својот персонал од американската амбасада во Хавана поради мистериозните „звучни напади“, со кои Американците на Куба се борат со месеци.
Најмалку 21 лице до Амбасадата на САД се пожалија на здравствени проблеми поради овие звуци. Синдикатот на вработените во американската дипломатска служба соопшти дека некои од жртвите претрпеле полесни повреди на мозокот, како и трајно оштетување на слухот. Жртвите се жалат и на губење на рамнотежата и тешки главоболки.
АП денеска објави една од варијациите на аудиозаписот што го слушале вработените во Амбасадата. Оваа снимка е дигитално засилена, со цел да биде погласна и за да се намали позадинската бучава, но освен тоа не е менувана.
Звукот потсетува на голем број скакулци или на цвилење во висок тоналитет, и е со исклучително висока фрекфенција, но изворот на звук се уште не е познат. Според експерти, слушањето звук преку звучници од компјутер или мобилен телефон не предизвикува никакви лоши реакации кај слушател. Вработени во Амбасадата на САД пријавиле дека звукот се слушал екстремно силно.Снимките се испратени во американската морнарица на анализа каде имаат софистицирани можности за анализа на акустични податоци.
Куба демантира дека нападите воопшто се случиле. АП нагласува дека самиот звук е составен од 20-на различни фрекфенции што е потврдено од експерт.