Астрофизичарот Хокинг: „Божјата честичка“ е закана за планетава

Од:

„Божјата честичка“, која што научниците ја открија во Швајцарија 2012 година, во Големиот хадронски колајдер има потенцијал да го уништи универзумот, предупреди познатиот астрофизичар Стивен Хокинг.

Тој порача научниците да бидат воздржани во тек на понатамошните истражувања, бидејќи претставува опасност од пропаст на целава планета. На високо енергетско ниво, „Божјата честичка“ би можела да предизвика колапс на просторот и времето без знаци кои би најавиле катастрофа.

Според мислењето на познатиот научник, кој има 72 години и боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС), „Божјата честичка“, која на постоечките објекти им дава облик и големина, би можела во услови на екстремен стрес да предизвика пад на вакумот со катастрофални размери.

cestica_501598S1

Тој предупредувањата ги напиша во предговорот на новата книга „Стармус“, која треба да излезе во ноември.

Неговите колеги истакнуваат дека Големиот хадронски колајдер во кој е откриена „Божјата честичка“ не може да предизвика такви проблеми, бидејќи енергијата на забрзувањето е премногу мала.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ