Компанијата „АстраЗанека“ денеска соопшти дека вакцината што ја развива против коронавирусот може да биде ефикасна во 90 проценти од случаите и дека нема никакви несакани ефекти, а британскиот премиер, Борис Џонсон, оваа вест ја оцени како „фантастична“.
Британските медиуми пренесуваат дека со оваа информација компанијата „АстраЗанека“ стана уште една во низата фармацевтски гиганти кои објавија позитивни податоци во врска со вакцината што ја развиваат за борба против коронавирусот.
Претходно, тоа го објавија компаниите „Фајзер“, „Модерна“ и руската Гамалеја“, која ја развива вакцината „Спутник V“.
На ова британскиот премиер Борис Џонсон утринава оцени дека веста за новата, ефикасна вакцина на „АстраЗенека“, развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е „фантастична“, но дека е неопходном да се спроведат дополнителни безбедносни проверки.
-Претстојат дополнителни проверки за безбедноста на вакцините, но ова се фантастични резултати, рече британскиот премиер, цитиран од британските медиуми.