Астра Зенека и претставници на Европската комисија на состанок во Брисел

Од:

Претставник на Астра Зенека сепак ќе присуствува на вечерашната средба со претставници на Европската комисија и земјите-членки. Тоа го потврдија дипломатски извори во Брисел.

– Тие ни рекоа дека немаат ништо ново да ни кажат, но на крајот извршниот потпретседател на компанијата, Искра Реиќ, рече дека ќе присуствува на состанокот и ја очекуваме“, наведуваат изворите од Брисел.

ЕУ издвои 336 милиони евра за „Астра Зенека“ за развој на производи за вакцината против Ковид-19 и дека 400 милиони дози се нарачани со потпишаниот договор. Астра Зенка требаше да биде првата вакцина со која ќе почне масовна вакцинација во ЕУ.

„Имавме среќа што вакцините Фајзер и на Модерна беа претходно одобрени, бидејќи Астра Зенека може да испорача само една четвртина од дозите планирани за првиот квартал од 2021 година“, наведуваат изворите во Брисел.

Според нив, за разлика од Фајзер, од каога добиле конкретни одговори за проблемот во производството и надоместокот на вакцините, од Астра Зенека сепак очекуваат јасен одговор за тоа што се случува со производството и испораката на вакцините од четири фабрики лоцирани во Европа. од кои две во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен