Асанж: Виновен сум поради раздорот во партијата

Од:

Основачот на сајтот Викиликс и истоимената партија во Австралија, Џулијан Асанж презеде денеска одговорност за кризата што почна поради оставки на водечки кандидати на партијата за изборите за Сенат.


Тој призна дека своето внимание премногу го фокусирал на Едвард Сноуден и Бредли Манинг.


Неодамна основаната партија влезе во криза откако водечкиот кандидат Лесли Канолд поднесе оставка заради како што објасни таа, недостиг од одговорност, демократичност и транспарентност во партијата.


Таа беше втор по ред кандидат на Викиликс за Сенатот по Асанж. Доколку таа партија освои место во парламентот на изборите на 7 септември, Канолд веројатно би го зазела местото на Асанж во Сенатот доколку тој не би можел да се врати во Австралија. По оставката на Канолд истото го направи и Даниел Метјуз еден од 11 членови на националниот совет на партијата Викиликс.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски