Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж стравува за лицето кое го откри податокот дека американската влада има пристап до „Мајкрософт“, „Фејсбук“ и „Епл“.
Тој рече дека лицето може да ја доживее истата судбина како и американскиот војник Бредли Менинг, кој што е обвинет за предавство на воени тајни.
Против него неделава започна судењето пред воениот суд во Форт Мид во Мериленд и доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотна затворска казна без можност за помилување.
Според американската влада мониторингот преку интернет е од суштинско значење за спречување на терористички напади на територијата на САД.
Програмот е одобрен од американскиот Конгрес и се спроведува со таен судски налог.
Откритието за активностите на американската влада први го објавија „Вашингтон пост“ и „Гардијан“.
Елена Георгиевска