Асанж: Обајвувањето документи за изборите во САД ќе биде пред 8 ноември

Од:

Викиликс пред 8 ноември ќе објави документи за американските избори, објави денеска Џулијан Асанж демантирајќи дека цел на тоа е да и се наштети на кандидатката на демократите Хилари Клинтон.

Асанж по повод 10-от роденден на Викиликс се обрати до јавноста преку видеолинк и најави дека до крајот на годината ќе бидат објавени околу милион документи од кои некои се за влади на три држави.

– Викиликс објави 10 милиони документи во изминатите 10 години. Тоа се 10 милијарди зборови во просек околу три илјади документи дневно, рече Асанж.

Вети дека објавувањето ќе продолжи дури и ако тој мора да поднесе оставка.

– Документите што ќе ги објавиме вклучуваат и материјали за војна, оружје, нафта, Гугл и американските избори, нагласи Асанж. Тој додаде дека ималомногу погрешни цитирања кои сугерирале дека Викиликс ќе им наштети на претседателските избори во САД.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска