Асанж на 17. октомври ќе одговара на прашања на шведската Влада

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе одговара на прашања составени од шведската Влада на 17 октомври во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Еквадорските власти денеска соопштија дека судските процеси против Асанж можат да почнат на 17 октомври.

Еквадорскиот обвинител Вилсон Тоаинга ќе биде задолжен за земање на изјави од Асанж.

Две шведски претставнички Ингрид Исгрен  и Сесилија Редел ќе бидат присутни додека Асанж ќе одговара на прашања.

Шведските обвинители по испитувањето ќе донесат одлука дали истрагата ќе продолжи или не.

Асанж е во Амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за силување.

Асанж тврди дека е невин, но стравува дека Шведска ќе го предаде на властите на САД, каде е обвинет за објавување на воени и дипломатски документи.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска