Пресудата која што му е изречена на војникот Бредлиј Менинг, кој што се терети за одавање доверливи податоци на „Викиликс“, им покажува на новинарите да треба да „се борат“ за да ги сочуваат своите извори, истакна основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.
Во интервјуто кое што го даде непосредно по изрекувањето на пресудата на Менинг, Асанж изјави дека медиумските организации треба да го следат примерот на „Викиликс“ кога станува збор за заштита на своите извори.
-Американските новински организации во главно избегнуваат да ги бранат своите извори, но дојде време кога тоа треба да се промени-нагласи тој.
Според Асанж обврска на секој новинар е да го заштити својот извор и технички доколку е можно да му обезбеди законска и политичка поддршка.
Тој исто така оцени дека процесот против Менинг бил опасен преседан и пример на естремизам во националната безбедност.
Судијата од американскиот Воен суд пресуди дека Менинг, кој се терети за одавање доверливи информации на „Викиликс“ е виновен за 21 точка од обвиненијата, но не и за најсериозната, помагање на непријателот.
Елена Георгиевска