Асанж ќе поднесе жалба на одлуката на британската Влада да биде екстрадиран во САД

Од:

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе поднесе жалба на одлуката на британската Влада да биде екстрадиран во САД, објави денеска Викиликс.

„Борбата не е завршена денеска. Ова е само почеток на нова правна битка. Ќе се жалиме преку правниот систем“, се наведува во соопштението објавено на Твитер профилите на Викиликс.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа.

Британското Министерство за внатрешни работи претходно во соопштение наведе дека Асанж има 14 дена да поднесе жалба на оваа одлука. Доколку жалбата биде одбиена, тој мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена.

Соединетите Американски Држави го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, ги загрозиле човечките животи.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА