Асанж е обвинет затоа што му пукнал презервативот

Од:

Рикардо Патино, министерот за надворешни работи на Еквадор, земјата во која Џулијан Асанж побара политички азил, изјави дека основачот на Викеликс е неправедно обвинет, затоа што, како што рече тој, му пукнал презервативот.

-Јас лично мислам дека на тоа обвинение човек треба „да се умре од смеа“, рече шефот за надворешни работи пред новинарите.

Тој соопшти дека се уште собираат информации за наводното силување на двете Швеѓанки. Самиот Асанж потврди дека имал сексуални односи со двете девојќи, но дека тие самите се согласиле на тоа.

-Наивно е да се помисли дека тоа е причината поради која се бара Асанж да биде екстрадиран во Шведска, рече Патино.
Главната наша дилема е дали треба да дозволиме под тој изговор „силувачот“ да стигне во САД, каде поради објавувањето на 250.000 тајни иформации може да добие смртна казна за шпионажа.

Од 19. јуни Џулијан се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон. Нема одредено време до кога земјата ќе размислува дали ќе го заштити или ќе го достави на шведските власти.

 

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска