Асанж: Доколку бидам австралиски пратеник Британија нема да врши истрага

Од:

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж смета дека открил начин да ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон каде се крие веќе осум месеци. За таа цел треба да биде избран во Сенатот на Австралија, Горниот дом на парламентот, изјави самиот тој за австралиски медиуми.

Ако 41-годишниот Автралиец добие место во Сенатот на изборите во септември, „американското Министерство за правда нема да сака да предизвика меѓународна дипломатска битка“ и ќе го остави намира. САД „ќе запрат со својата истрага за шпионажа и владата на Камерон ќе треба тоа да го почитува“, објави сајтот Конверзејшн.

Ако Велика Британија не дозволи да го пушти од државата, „политичката цена на сегашното статус-кво ќе се зголеми дополнително“, тврди Асанж. Според него, обвиненијата за силување подигнати против него во Шведска „се на пат да паднат“.

Во Австралија се формира партија Викиликс со раководство од 10 луѓе кои испратија кандидатури за изборите на 14 септември. Асанж поднел молба да биде регистриран како кандидат во јужната држава Викторија. Откако беше реизбран вчера на функцијата, претседателот на Еквадор Рафаел Кореа вети „брзо решение“ за Џулијан Асанж.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА