Асанж бара полицијата да ја истражи кражбата на неговиот куфер

Од:

Основачот на сајтот „Викиликс“, Џулијан Асанж денес побара полицијата во Шведска да истражи што се случи со неговиот куфер, за кој што тврди дека му е украден кога патувал од Германија до Шведска, 2010 година.

Адвокатот на Асанж, Пер Самуелсон рече дека во името на својот клиент поднел кривична пријава поради наводната кражба.

Во исказот кој што е објавен на „Викиликс“ се тврди дека во куферот бил лаптоп, на кој имало докази на наводни воени злосторства кои што американските сили ги направиле во Авганистан.

Портпаролот на „Викиликс“, Кристин Храфнсон изјави дека слични пријави се поднесени и против други држави, меѓу кои и Германија и Данска, поради можност да се работи за противзаконски операции на американските известувачки служби, против Асанж.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска