Асад: Во Сирија пристигна првата пратка од руските ракетни системи С-300

Од:

Во Сирија пристигна првата пратка руски ракетни системи С-300.

Тоа го наведе во интервјуза телевизијата Ал Манар, сирискиот претседател Башар Асад.

– Втората пратка ќе пристигне набрзо, додава Асад во интервјуто што ќе биде емитувано во текот на денот.

Сирискиот претседател вели дека државата донела одлука да учествува на мировната конференција што ја подготвуваат Русија и САД и од која тие не очекуваат важни решенија.

Асад тврди во интервјуто дека соодносот на воените сили во Сирија се променил во полза на владините сили кои во последно време според него, имаат големи успеси против терористичките формации, како што режимот ги нарекува опозициските сили.

Сирискиот лидер ги обвинува Турција, Саудиска Арабија и Катар дека со нивна поддршка во Сирија влегле околу 100 илјади платеници од арапски и други држави.

Башар признава дека единици на либанската шиитска група Хезболах војуваат на страната на владините сили во пограничните региони во Либан.

Би можело да ве интересира

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца