Асад: Политиката на Русија во Сирија се заснова на моралот и меѓународното право

Од:

Политиката на Русија во Сирија се заснова на моралот и меѓународното право, изјави сирискиот претседател Бараш ал Асад во интервју за „Сандеј тајмс“.

На прашањето кој ги диктира условите во вооружениот конфликт, Дамаск или Москва? Асад одговори: „Секако ние ги донесуваме одлуките“.

– Руски војници во Сирија има веќе шест децении. Нивната политика се базира на две работи, моралот и меѓународното право, истакна сирискиот лидер.

– Дури и ако имаат свој став за нешто тие велат: „Тоа е ваша држава, вие знаете повеќе“. Тие никогаш не се обиделе да се мешаат, бидејќи не сакаата ништо од нас. Не сакаат да бидам претседател марионета. Тие знаат дека доколку Сирија ја изгуби борбата со тероризмот, тој тероризам ќе стане надмоќен во Европа и тоа ќе ги засегне Русија и сите во светот, нагласи Асад. 

– Западот станува се послаб и не може да им објасни на луѓето за што всушност станува збор. Исламска држава се занимава со шверц на нафта и ги користи ирачките нафтени наоѓалишта, контролирани од американски сателити и дронови, за да заработи пари и Западот ништо не зборува во врска со тоа. Во меѓувреме тука Русите се вмешаа во ситуацијата и ИД почна да потклекнува во секоја смисла на зборот, потенцира сирискиот претседател.

Асад нагласи дека западните земји постепено ја губат позицијата на Блискиот Исток.

– Претходно кога нешто ќе изјавев, луѓето говореа сирискиот претседател нема контакт со реалноста. Сега тоа се промени. Западот станува послаб. Тие немаат аргументи да им објаснат на луѓето што се случува, рече Асад. 

Тој изјави дека се води војна на десетина земји против Сирија, но властите на оваа земја можат да се потпрат само на поддршката на Русија и Иран.

– Ние ова го нарекуваме светска војна, но тоа е светска војна против Сирија, десетина земји против нас, ги снабдуваат терортистите со пари и поддршка, тврди Асад.

Тој истакна дека сириската војска може да се потпре само на Русија и Иран, но повтори дека одлуките за воените акции ги носат властите на земјата. 

Руската операција против терористичките организации ИД и Џебат ал Нусра на територијата на Сирија почна на 30 септември 2015 година на барање на Асад. Со поддршка на руската авијација сириските војници ослободија околу 400 населени места. Сериозно беше нарушена незаконската трговија со нафта и затворени беа главните патишта, по кои се доставуваат оружје и муниција за бунтовниците, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Асад е подготвен да отвори други премини за помош во северозападна Сирија

Асад по пет дена се појави во разурнатиот Алепо

Катерина Ѓуровски

Асад: Руската инвазија на Украина е „корекција на историјата“

Сириската опозиција го отфрли предлогот на ОН за етапни преговори со власта на Асад

А1он

Блинкен: Нема нормализација со Асад пред политичко решение во Сирија

Асад положи заклетва за четвртиот мандат како претседател на Сирија