Асад: Меѓу бегалците дефинитивно има терористи

Од:

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска изјави дека меѓу милионите сириски бегалци кои бараат засолниште на Запад „дефинитивно“ има терористи.

Асад во интервју за „Јаху њуз“ истакна дека тоа не мора да значи оти постои „значителен“ број на терористи.

– Не треба значителен број на терористи за да извршите свиреп чин, посочи Асад.

Тој го потврди сличниот став на претседателот на САД, Доналд Трамп дека екстремисти се кријат меѓу бегалците, додавајќи „тоа можете да го видите на интернет“.

– Терористите во Сирија мавтаат со пушките или убиваат луѓе, а за Европа и за Западот се мирољубиви бегалци, истакна Асад.

Сирискиот претседател не се согласува во минатомесечниот предлог на Трамп за воспоставување на безбедносна зона за цивилите во Сирија, објаснувајќи дека таквите зони можат да постојат во опкружување каде нема терористи и каде има стабилност и безбедност.

За Асад, припадниците на вооружената опозиција во сириската војна, што трае од 2011 година, се терористи.

Тој одби и да ја коментира одлуката на Трамп за забрана во САД на граѓаните од седумте, воглавно муслимански држави, меѓу кои е и Сирија.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија