Асад: Коалицијата предводена од САД во саботата изврши јавна агресија врз Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар Ал Асад ги обвини денеска САД дека извршиле јавно посегнување по неговата земја со воздушните удари кои беа изведени во саботата, врз сириската војска во провинцијата Деир ез Зора, пренесува БТА.

– Непријателите на Сирија ја зголемуваат поддршката за терористичките организации. Пример за тоа е очигледната американска агресија врз позициите на сириската војска во Деир ез Зора во корист на терористичката група Даеш (Исламска држава), истакна Асад. 

Најмалку 90 сириски војници загинаа при нападот во саботата, поради кој џихадистите презедоа позиции близу до аеродромот кој беше под контрола на режимот. 

Коалицијата предводена од САД призна дека извршила бомбардирање, мислејќи дека напаѓа позиции на ИД.

Би можело да ве интересира

Асад е подготвен да отвори други премини за помош во северозападна Сирија

Асад по пет дена се појави во разурнатиот Алепо

Катерина Ѓуровски

Асад: Руската инвазија на Украина е „корекција на историјата“

Сириската опозиција го отфрли предлогот на ОН за етапни преговори со власта на Асад

А1он

Блинкен: Нема нормализација со Асад пред политичко решение во Сирија

Асад положи заклетва за четвртиот мандат како претседател на Сирија