Асад: Европа ќе плати ако достави оружје за бунтовниците

Од:

Европа ќе плати ако ги снабди со оружје бунтовничките сили во Сирија, предупреди сирискиот претседател Башар Асад во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

– Ако Европејците достават оружје, самите ќе станат терористичка територија и Европа ќе ја плати цената за тоа, изјави Асад.

Сирискиот претседател предупреди дека доставувањето оружје ќе предизвикаат извоз на тероризам во Европа.

Според Асад, „терористите ќе се вратат во Европа со екстремистички идеологии“.
Асад отфрли обвиненија на Западот дека сириската армија користела хемисто оружје против бунтовниците.

– Ако Париз, Лондон и Вашингтон имаа барем еден доказ за таквите обвинувања, тие досега ќе го објавеа пред светот, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Башар ал Асад во Москва

Асад е подготвен да отвори други премини за помош во северозападна Сирија

Асад по пет дена се појави во разурнатиот Алепо

Катерина Ѓуровски

Асад: Руската инвазија на Украина е „корекција на историјата“

Сириската опозиција го отфрли предлогот на ОН за етапни преговори со власта на Асад

А1он