Портпаролот на египетската армија,полковник Ахмед Мохамед Али изјави дека поголема група вооружени лица,„подмолно ги нападна армиските сили“ кај касарната во Каиро,каде е сместен главниот штаб на египетската Републиканска гарда.
Напаѓачите пукаа од огнено оружје,фрлаа запаливи бомби врз војниците,како и камења. Во нападот од понеделникот во раните утрински часови, се убиени двајца полицајци и еден војник.
Други осумина војници се тешко ранети и тие сите се наоѓаат во критична состојба. Полковник Мохамед Али објасни дека еден од ранетите војнци е погоден со истрел во главата, што покажува дека напаѓачите имале снајпери.Претходно,воениот портпарол соопшти дека армиските сили биле нападнати и од џамиите во околината,како и од покривите на зградите во блиското соседство.
Муслиманскто братство за инцидентот ја обвинуваат исклучиво Армијата. Претставник на Братството изјави дека армиските сили, како и делови на полицијата, извршиле „масакр врз недолжни цивили“ кои се убиени во четири часот наутро додека „биле на утринската молитва“.
Според Муслиманскто братство убиени се 53 нивни приврзеници,а преку 400 се ранети. Оваа исламистичка партија тврди дека меѓу жртвите има и две деца.
Полковникот Мохамед Али ги отфрла ваквите обвинувањата и верзијата на Братството, опишувајки ја како „лажлива и неточна“.
Тој откри дека сликите на кои се гледаат две убиени деца, се лажно подметнати на интернет страницата на Братството и потоа раширени, иако децата не се од Каиро, туку станува збор за фотографија направена во март оваа година во Сирија.
Во Каиро се верува дека нападот врз касарната на Републиканската гарда е изведен затоа што се верувало дека тамусе чува заточен сменетиот претседател Морси,но војската соопшти дека тој не таму.