Армијата на Асад и сириските Курди заедно против турската офанзива

Од:

Властите во Дамаск и силите на сириски Курди постигнаа договор Армијата на Сирија да влезе во областа Африн за да помогне во спротивставување на турската офанзива, соопшти советникот во администрацијата на зоните под контрола на Курдите во северна Сирија, Бадран Џија Курд.

Според него, силите лојални на сирискиот претседател Башар Асад може да влезат во областа во следните два дена.

Договорот е показател за се посложената ситуација во северна Сирија, каде курдските сили, сириската Влада, бунтовничките групи, Турција, САД и Русија се вплетени во мрежа од непријателства и сојузништва, комeтнираат аналитичарите.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад