Армијата ја зазема националната телевизија во Буркина Фасо

Од:

Армијата на Буркина Фасо, што ја презема власта откако во петокот беше соборен долгогодишниот претседател на земјата Блез Кампаоре, го зазема денеска седиштето на државната телевизија, како и главниот плоштад во главниот град.

Војници од претседателската гарда пукаа во воздух на влезот во дворот на зградата на националната телевизија, со цел да ги растераат демонстрантите.

Истовремено, армијата презема контрола и над главниот плоштад во главниот град Уагадугу, познат како Плоштад на револуцијата. Таа постави блокади и растера повеќе илјади демонстранти.

Армијата продолжува со контрола на Буркина Фасо, наспроти повикот на Обединетите нации и американскиот Стејт департмент власта да ја предадат на цивилните лидери. Армијата вчера го именува високиот офицер Исак Зида да ја предводи транзицијата во земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска