Аризона официјално го прогласи Бајден за победник на изборите во државата

Од:

Државниот секретар на Аризона, Кејти Хобс, ги потврди резултатите од гласањето и официјално го прогласи Џо Бајден за победник на претседателските избори во оваа држава. Истото денеска се очекува да го сторат и властите во сојузната држава Висконсин.

Со уште две официјални потврди на своето конто, демократот Џо Бајден ја бетонира победата на ноемвриските избори над актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп.

-Овие избори беа спроведени точно, во транспарентни и фер услови, според законите и изборните процедури на Аризона, наспроти многубројните и неосновани тврдења за спротивното, изјави денеска Хобс.

Со официјализирањето на победата, Бајден не само што добива 11 електорски гласа од изборниот колеџ на САД, туку и демократите го зголемуваат својот број со уште еден сенатор, со победата на Марк Кели над актуелниот сенатор од Аризона, републиканката Марта Мексали. Заклетвата на Кели во Конгресот е закажана за во среда.

Во меѓувреме, Републиканската партија во Аризона го оспорува резултатот на суд. Се бара преглед на гласачките ливчиња и писмените плика, со изговор дека верификацијата на потписите не биле правилна, и дека со тоа се броеле фалсификувани гласови.

Би можело да ве интересира

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство