Ариел Кастро се појави пред судот

Од:

Ариел Кастро, кој е обвинет за киднапирање и силување на три жени кои ги држел во заложништво во неговата куќа во Охајо денеска за прв пат се појави пред суд.

52 годишниот невработен возач на автобус не се изјасни по обвинението.

Сепак судот во Кливленд ја остави можноста за кауција од 8 милиони долари ако сака да биде ослободен до почетокот на судењето.

Трите жени беа пронајдени во понеделникот, откако една од нив и се јави на полицијата преку мобилен, што и го даде соседот кој ги слушна нејзините викотници.

Тие биле киднапирани во периодот од 2002 до 2004 година.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа