Темелна истрага за да се дознае причината за исчезнувањето на подморницата „Сан Хуан“ со 44 лица екипаж побара аргентинскиот претседател Маурисио Макри.
– Она што се случи, ќе наметне сериозна, темелна истрага за да се сфати како една подморница во одлична состојба, како што изгледа, станала жртва на експлозија, изјави Макри во седиштето на аргентинскиот поморски сили.
Тој кажа дека сака продолжување на потрагата.
Во потрагата по исчезнатата подморница учествуваат над 4.000 лица, 14 брода и 10 авиони. Помош даваат 12 земји, меѓу кои САД, Велика Британија, Франција, Русија, Бразил и Чиле.